Опис
Шифра: 022178
Venezia 33×33 терацо грес плочки во Light Gray и Graphite боја. Погодни за ѕидови и подови, за внатрешни и надворешни површини. Домашно производство.
Мразоотпорните Venezia 33×33 грес плочки нудат модерен изглед на терацо површина, со карактеристични неправилни камени фрагменти кои на дезенот му даваат динамика и природен карактер.
Достапни се во две нијанси – Light Gray (светло сива) за посветли и визуелно попространи амбиенти и Graphite (графитна) за поизразен контраст и повпечатлив изглед на просторот.
Благодарение на тоа што се изработени од грес, Venezia плочките можат да се користат за внатрешно и надворешно обложување на ѕидови и подови. Погодни се за бањи, кујни и ходници, но и за тераси и други надворешни површини.
Терацо дезенот лесно се вклопува во современи ентериери, а особено добро се комбинира со дрво, неутрални тонови, бетонски површини и зеленило.
Venezia е производ од домашно производство со исклучителен квалитет, кој ја спојува практичноста на грес плочките со декоративниот и модерен изглед на терацо површината.









