Бекамент – SiproFix BK 170 Elastic
ПРИМЕНА:
За лепење на керамички плочки со димензии до 120×100 cm, мермер, гранит, природен и вештачки камен на ѕидни, подни и фасадни површини, исклучиво на цврсти подлоги (малтери на база на цемент, вар и бетон), за надворешна и внатрешна употреба. Производот се карактеризира со одлична адхезија, висока цврстина, флексибилност и отпорност на влага. Погодно е за лепење на плочки со ниска апсорпција (E ≤3%) како и на плочки со големи димензии на деформабилни површини и при поставување на површини со веќе постоечки плочки. Погодно за употреба во бањи, кујни, базени, балкони, тераси и систем за подно греење.
ОПТИМАЛНИ ВРЕМЕНСКИ УСЛОВИ:
Температура на подлогата и на воздухот да биде +5°C до +25°C.
ОТВОРЕНО ВРЕМЕ ЗА РАБОТА:
Околу 30 минути (зависно од подлогата и атмосферските услови).
МОЖЕ ДА СЕ ФУГИРА ПО:
24ч. при сушење на оптимални услови (23°C и 50-60% р.в.в.).
ПОТРОШУВАЧКА:
околу 3-5 kg/m², во зависност од подлогата и од дебелината на нанесувањето.
РОК НА ТРАЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ:
12 месеци во оригиналната амбалажа во сув простор на палети.